Ли Карсли го напушта кормилото: Англија заслужува врвен селектор!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англија славеше со 3-1 против Финска во Лигата на нации, по што привремениот селектор Ли Карсли даде оценка за неговиот ангажман.

Младиот тренер го наследи местото на Герет Саутгејт на 9 август 2024 година, но смета дека селекцијата заслужува врвен селектор.

„Оваа работа заслужува тренер од светска класа кој има освоено титули. И сè уште сум убеден во тоа“, вели Карсли.

Англија освои девет бодови од четири меча и се наоѓа на втората позиција во групата 2 од Лигата Б.