Либерец славеше, Сикора хет-трик – Нема групна фаза за Мојсов и Тричковски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Либерец во реванш натпреварот убедливо ја совлада АЕК Ларнака со 3:0.

Чешкиот клуб исто така славеше и во првиот натпревар, но минимално, 1:0.

Уште од стартот доминација на Либерец. Во 8-ма минута Сикора погоди за водство на чешкиот клуб. Истиот фудбалер 7 минути подоцна ја затресе по втор мрежата на кипарскиот клуб. До крајот на полувремето Сикора постигна уште еден погодок, хет-трик. Пред крајот на натпреварот Томас промаши пенал за кипарскиот клуб, а во 90-та минута Муриљо доби црвен картон и АЕК остана со фудбалер помалку, но тоа беше неважно бидејќи Либерец ја имаше осигурано победата и групната фаза во ЛЕ.

Македонските фудбалери, Иван Тричковски и Даниел Мојсов ги одиграа сите 90 минути.