Лидс ќе се „тепа“ со Дортмунд за потписот на Елмас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Наполи, па така привлече интерес од останатите екипи од Европа.

Елмас игра фантастично во екипата предводена од страна на тренерот Лучано Спалети, а за услугите на Македонецот се заинтересирани две екипи.

Лидс и Борусија Дортмунд сакаат да го купат Елмас од калчолигашот, а по неговиот потпис ќе тргнат уште во јануари, но сепак тимовите ќе мора да се потрудат ако сакаат да го добијат неговиот потпис.

Елмас во претходното коло во Серија А го урна Милан на „Сан Сиро“ со голот во петтата минута, па така ја оправда довербата која му ја даде Спалети.