Лидс напаѓаше, Арсенал погоди: „Топчиите“ го победија Лидс и се пласираа во следната фаза од ФА Купот


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Денеска се одржа послендиот натпревар од третото коло од ФА Купот помеѓу Арсенал и Лидс Јунајтед.

И покрај тоа што Микел Артета извади доста силен состав на овој натпревар, Лидс доминираше во првиот дел од натпреварот и имаше неколку одлични шанси.

Сепак,  Арсенал стигна до погодок во 55. минута преку Рис Нелсон кој одлично се снајде во шеснаесетникот на Лидс и ја смести топката во голот.

Нашиот Алиоски играше на овој натпревар до 61. минута, а имаше една одлична шанса во првиот дел, но не успеа да го совлада Мартинез.