Лидс не го пушта Биелса: „Лудакот“ останува на „Еланд Роуд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Лидс не успеа да се пласира во Премиерлигата, но за такво нешто ќе има шанса и идната сезона.

Марсело Биелса сезонава одлично го предводеше тимот, но беше запрен во полуфиналето на плејофот за пласман во Премиерлигата и тоа од Дерби каунти.

Биелса, сепак, ќе добие и нова шанса да го однесе Лидс во Премиерлигата и тоа идната сезона, откако му беше продолжен договорот.

Лидс ја искористи опцијата во претходниот договор, според кој може да му ја продолжи соработката на уште една година, па така „Лудакот“ ќе остане на „Еланд Роуд“ и идната сезона, кадешто ќе се бори за пласман во Премиерлигата.