Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на Лига 1 одлучи ПСЖ да ја добие титулата откако сезоната беше прекината поради пандемијата на коронавирусот и тимот од Париз ќе се смета за шампион за сезоната 2019/20.
„Л’Екип“ објави дека била донесена одлука да се земе за конечен пласманот на екипите, иако беа одиграни само 27 одиграни кола. Тоа значи дека ПСЖ ќе биде шампион, а зад нив се Олимпик Марсеј и Рен кои ќе играат во Лигата на шампиони. Во Лига Европа ќе се натпреваруваат Лил, Ремс и Ница, а од Лига 1 ќе испаднат Амиен и Тулуз.
Се чека само официјална потврда од страна на Лига 1, но најверојатно одлуката е конечна бидејќи многу познати француски медиуми ги објавија информациите.