Линдзи Вон се врати во САД на лекување


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Американската скијачка Линдзи Вон се врати денес дома во Соединетите Американски Држави по една недела лекување во болница во Италија, откако ја скрши левата нога во спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

“Немам застанато на нозе повеќе од една недела… бев неподвижна во болничкиот кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, враќањето на домашно тло е неверојатно чувство”,
 објави Вон на социјалната мрежа X со емотикон на американското знаме.

“Голема благодарност до сите во Италија што добро се грижеа за мене”, наведе Вон.

Оваа 41-годишна скијачка имаше најмалку три операции поради скршеницата на левата нога во Италија. Порано беше најавено дека во САД ќе ѝ бидат потребни нови операции.