Лингард донел конечна одлука за понудата од Арсенал: Нема да се откаже…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард би можел да ја одбие евентуалната понуда од Арсенал која би стигнала ова лето.

Вчера се појавија шпекулации дека Арсенал е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, но сега „Дејли Мејл“ пренесува дека тој е спремен да ја одбие ваквата понуда со цел да се обиде да успее во Манчестер Јунајтед.

Лингард ќе има уште 12 месеци од неговиот договор со „ѓаволите“ и следната сезона практично би била клучна за неговиот успех во дресот на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот кој потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед имаше повремено одлични настапи за тимот, но никогаш не се претстави како играч на кој може да се смета редовно.