Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на Хрватска, Лино Червар ептен се изнервира во финалето откако во последните минути од мечот голема грешка направи Игор Карачиќ, а тоа македонските судии Начевски и Николов не му го простија и топката им ја дадоа на Шпанците.
Шпанците по нападот го решија мечот и ги поставија конечните 22-20, а Червар повика тајм-аут на кој ги пцуеше македонските судии поради тоа што, како што смета тој, судиите им ја „украле“ топката.
Сепак, специјалниот сајт за ракомет „Балкан хендбол“ ги прогласи Начевски и Николов за најдобри судии во финалето.
„Ситуацијата кога Начевски досуди чекори од Карачиќ ќе влезе во историјата на ЕП. Чекорите беа јасни, но по преглед на повторената снимка. Да донесеш исправна одлука е навистина неверојатно и тоа ги менува работите. За таква одлука треба мад*ња. Одлуката беше чиста како солза“, пишува во текстот на сајтот.