Лион подесе две тужби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кон крајот на минатиот месец, ЛФП (Лигата на Фудбалски Професионалци) одлучи да ја заврши професионалната фудбалска сезона во Франција, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Најголем губитник на оваа одлука е секако Лион. Имено, Лион сезоната ја започна лошо, „се разбуди“ доцна и ја дочека паузата на натпреварувањето на седмата позиција. Бидејќи ситуацијата на табелата во моментот на паузата беше прифатена како конечна, Лион остана без место во европските натпреварувања, за прв пат во скоро две и пол децении.

Веднаш започнаа апелите од Лион за промена на одлуката, а беа најавени и правни чекори против ЛФП.

Сепак, одлуката е малку веројатно да се промени и Лион ги исполни своите „закани“.

Францускиот клуб потврди дека иницирал две постапки.

“Долго се двоумевме во врска со овој чекор. Управниот одбор на Лион, која е компанија која работи на берза, одлучи да поднесе тужби пред судот во Париз. Парите не се главната грижа на Лион. Ова е клуб кој успеа да го достигне врвот од дното”, изјави за Л’Екип претседателот на Лион Аулас и продолжи:

“Првата работа што ја направивме беше да се испита можноста за враќање на фудбалот. Одлуката на министерот за спорт (Роксана Марачинеану) се заснова на датумот на 3. август, што не постои во УЕФА. Заедно со премиерот Филип и министерот за здравство Веран можеме детално да ги испитаме медицинските протоколи што доведоа до зелено светло за фудбалот во некои европски земји и да се види дали постои можност сезоната да продолжи “.

„Втората тужба се однесува на начинот на прекинување на лигата и начинот на пресметување на конечните позиции, ние сакаме да видиме дали тоа е легитимно … Мора да ги анализираме работите, да видиме дали клубовите биле оштетени од оваа одлука. Не зборуваме тужби и побарувања за финансиски надоместок … Не станува збор за милиони, туку на голем број на решенија важни за општиот интерес “, додаде Аулас.

Патем, голем проблем за Лион е фактот што повеќето нејзини главни играчи имаат договори кои им овозможуваат да го напуштат клубот доколку не освојат место на европските натпреварувања.