Лион се закани дека ќе ги тужи сопствените навивачи поради – фотомонтажа! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лион успеа да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампиони, па игра против Јувентус. Сепак, тоа што ги загрижи фановите е тоа што францускиот тим има лоша сезона во домашното првенство.

Тие кренаа бунт на социјалните мрежи, па навивачите на Лион го исмејуваа претседателот на клубот, Жан-Мишел Оле и тренерот Руди Гарсија.

„Лион најави дека клубот сега ќе ги тужи сите кои објавиле навредлива содржина на социјалнитемрежи. Наша должност е да се мобилизираме и да се бориме против чиновите на дискриминација и омраза“, порачаа од Лион.