Лионел Меси најдобар плејмејкер за 2019. година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МИФИС ги избра најдобрите плејмејкери за 2019. година

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика(МИФИС) на Лионел Меси му ја додели наградата за најдобар плејмејкер/организатор на светот.

Додека Меси чека да биде крунисан како крал и да ја освои шестата титула на Златната Топка, Аргентинецот доби уште едно признание.

МИФИС го прогласи за најдобар плејмејкер за 2019. година со 299 бодови, а позади себе го остави офанзивецот на Манчестер Сити – Кевин Де Бруин кој имаше само 85 бодови, што доволно објаснува за доминацијата на 10тката на Барселона во оваа конкуренција.

Третото место со 55 бодови го завзема Еден Азар од Реал Мадрид, четвртото Бразилецот кој настапува за Ливерпул – Роберто Фирмињо, па следуваат Бернард Силва (Манчестер Сити), Душан Тадиќ (Ајакс), Френки Де Јонг (Барселона), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Антоан Гризман (Барселона) и Жоржињо Вијналдум (Ливерпул).

Везниот на Реал – Лука Модриќ заврши на 11. место а Миралем Пјаниќ (Јувентус) на 12. со 11 постигнати бодови.

Интересно е тоа што Пјаниќ позади себе ги остави Мохамед Салах, Ријад Марез, Пол Погба… Но, не е јасно од каде некои играчи се појавија во конкуренцијата „плејмејкери“ со оглед на тоа на која позиција играат во своите тимови.