Лионел Меси сам ќе одлучи кога ќе седне на преговори со Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Барселона му дозволиле на Лионел Меси сам да одлучи кога сака да седнат да преговараат за нов договор.

Актуелниот договор на еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт завршува во 2021 година, а од Барселона се подготвени да му понудат доживотен договор со кој ќе го врзат фудбалерот кој потекнува од нивната академија.

„Мундо Депортиво“ пренесе дека Барселона ќе му понуди се што ќе побара на Меси за кого нема никаков сомнеж дека ќе продолжи во овој клуб.