Ливерпул ќе го избрка најскапиот играч во историјата на клубот


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година за обештетување од 85 милиони евра.

Така тој стана најскапиот влезен трансфер во историјата на клубот. И покрај тоа и фактот дека договорот со „Црвените“ трае до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на него.

„Се очекува Нуњез на лето да го напушти Ливерпул. Клубот во јануари ја одби понудата на Ал Наср, но во месеците што следат ќе ги разгледаат сите опции. Нуњез исто така е расположен да продолжи понатаму“, објави Фабрицио Романо.

Фото: ФК Ливерпул/ФБ