Ливерпул доби „корпа“ од Норвич


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Норвич ја одбија понудата од 10 милиони фунти која на нивна адреса ја испрати Ливерпул за услугите на играчот од одбраната, Џамал Луис.

Новиот англиски шампион испрати понуда за Луис кој е виден како идеална резервна опција за Енди Робертсон на левата бековска позиција.

Сепак, Норвич смета дека понудата од 10 милиони фунти е прениска и за да го ослободи играчот од обврските ќе бара минимум 20 милиони фунти.

Цената може да се намали за неколку милиони фунти само ако Ливерпул го вклучи Јасер Ларучи во трансферот.