Ливерпул „доврши“ ново засилување, но тука не е крајот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул ова лето беше еден од најактивните европски клубови на трансфер пазарот, но со засилувањата не е ни приближно крајот.

Црвените зад себе имаат една импресивна сезона во која ја освоија Премиер лигата, која беше јубилејна 20. титула на англиски шампион за нив.

Холандскиот стручњак – Арне Слот може да биде многу задоволен од дебитантската сезона на клупата на Ливерпул, но оваа сезона амбициите им се уште поголеми.

Покрај тоа што ќе се обидат да ја одбранат титулата во Премиер лигата, Црвените оваа година ќе се обидат да ја “нападнат” и најпрестижната европска натпреварувачка лига – Лигата на шампионите.

Во овој летен трансфер рок беа многу активни, и на Анфилд пристигна голем број играчи кои дополнително ќе го засилат нивниот играчки кадар.

Меѓу другите, во клубот од Мерсисајд пристигнаа Флориан Вирц, Жереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике… Но, тука нема да е крајот.

Како што пренесува реномираниот спортски новинар – Фабрицио Романо, Ливерпул договори сите услови со стоперот на Кристал Палас.

Покрај Гоехи, наскоро би требало на Анфилд да пристигне и талентираниот Џовани Леони, кој моментално игра за Парма во италијанската Серија А.

Фото: Принтскрин