Ливерпул е незапирлив: Гвардиола со Манчестер сити доживеа потоп на „Енфилд“ (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големото англиско дерби од 13. коло на Премиер лигата се одигра помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, а „Црвените“ уште еднаш потврдија дека се во одлична форма, славејќи со 2-0.

Ливерпул ја докажа својата супериорност со најдобрата одбрана во лигата, која повторно беше беспрекорна. Манчестер Сити не успеа да упати вистинска закана, со што домаќините стигнаа до својата 11. победа оваа сезона. По оваа победа, Ливерпул има девет бодови предност пред Арсенал и Челси, а дури 11 повеќе од Манчестер Сити.

Натпреварот започна динамично, а веќе во 12. минута Мохамед Салах асистираше до Коди Гакпо, кој остана незабележан од одбраната на гостите и постигна гол од близина за водство од 1:0. Во текот на натпреварот, Ливерпул создаваше бројни шанси пред голот на голманот Ортега, додека Сити речиси и да не успеа да се закани, а Ерлинг Халанд беше целосно неутрализиран.

Во 78. минута сите надежи на Пеп Гвардиола и неговиот тим беа угаснати. Голманот Келехер направи прекршок врз Луис Дијаз, по што беше досуден пенал. Мохамед Салах беше прецизен од белата точка и го постави конечниот резултат од 2-0.