Ливерпул ги напаѓа сите титули: Клоп за 70 милиони евра добива еден од најдобрите напаѓачи

Британските медиуми пишуваат дека Германецот Јирген Клоп решил да заигра со класичен напаѓач по долго време во формацијата на Ливерпул.

Пред Ливерпул е реконструкција во нападот, а Германецот сака квалитетно засилување, па изборот паднал на Дарвин Нуњез, голгетерот на Бенфика.

Нуњез важи за еден од најдобрите во светот, а Ливерпул е подготвен да плати околу 70 милиони евра за негоивите услуги, а тој од друга страна сака предизвик во Англија.

Клоп, наводно, е импресиониран од квалитетот на младиот фудбалер кој го прикажа во натпреварите против Ливерпул во Лигата на шампиони (ЛШ).

Нуњез за португалскиот тим оваа сезона постигна дури 34 гола и четири асистенции на 41 настап.