Ливерпул ги руши сите граници поради Исак


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Александар Исак, еден од најдобрите напаѓачи во светот, официјално побара да го напушти Њукасл.

Тоа се разбира веднаш повторно ги разбуди приказните за неговото доаѓање во Ливерпул. Англискиот шампион покажал огромен интерес, а ништо не ја менува фактa дека пред два дена потпишале договор со уште еден напаѓач, Хуго Екитике.

Црвените наводно веќе започнале да разговараат со шведскиот репрезентативец за неговите лични услови. Подготвени се да понудат дури 140 милиони евра за Исак, што би бил најголемиот трансфер на ова лето.

Ливерпул веќе го купи спомнатиот Екитике за 95 милиони, а дури 125 милиони одвоија за Флоријан Вирц. Милош Керкез е платен 47, а Џереми Фримпонг 40 милиони евра.

Ако се реализира трансферот на Исак, Ливерпул ќе потроши неверојатни 450 милиони евра на засилувања.

Фото: Принтскрин