Ливерпул го договори новото засилување, ќе потпише договор на пет години!

Ливерпул направи нов важен чекор на трансфер пазарот, бидејќи постигна договор со Ибрахим Мбаје.

Информацијата ја објави Фабрис Окинс, кој наведува дека договорот помеѓу англискиот великан и младиот Сенегалец е постигнат.

Според тие извори, Мбаје дал согласност за премин во редовите на Ливерпул и сака да ја продолжи кариерата на Енфилд.

Договорот помеѓу играчот и клубот подразбира договор во траење од пет години.

Со тоа е решена дилемата околу иднината на младиот фудбалер, кој одлучи да направи голем чекор во кариерата.