Ливерпул го испушти „во последната минута“, па ќе го примени рецептот на Перез?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако Кристал Палас го стопираше договорот во последниот момент, Ливерпул се откажа и зимава нема да тргне повторно по Марк Гуеји.

Неговиот трансфер беше завршена работа, Ливерпул испрати понуда која Палас ја бараше, од 42.000.000 евра, а покрај тоа додадија и 10% од следната продажба.

Сепак, откако Палас не успеа да доведе соодветна замена последниот ден од трансфер периодот, овој трансфер пропадна.

Доверливиот Пол Џојс денес откри дека Ливерпул не планира повторно да седне на преговарачката маса со Палас, туку ќе чека до следното лето за да го донесе британскиот репрезентативец без обештетување.

Слична работа направи и Флорентино Перез токму во преговорите со Ливерпул, кој одби да го продаде Трент Александер-Арнолд. Реал на крајот почека да му истече договорот и го донесе ова лето како слободен играч.

Во Ливерпул се уверени дека Англичанецот нема да ги слуша понудите од други клубови и дека ќе остане на својот став да од „Селхрст“ ќе замине само на „Енфилд“.

Фотографија: Принтскрин