Ливерпул го избра „совршениот“ наследник на Салах!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Египетскиот волшебник Мохамед Салах најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул и ќе се пресели во Саудиска Арабија за 200 милиони евра.

Ливерпул почна потрага по наследникот на Салах и изборот наводно паднал на Педро Нето од Вулверхемптон.

Нето има само 23 години, а веќе привлече интерес и од Арсенал, меѓутоа екипата од „Енфилд“ наводно е во предност за неговиот потпис.

Португалскиот фудбалер оваа сезона одигра 18 натпревари за Вулвс, а притоа постигна три гола и 10 асистенции.