Ливерпул го продава Дијаз за 85 милиони евра


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, има понуда која би можела да го доведе до напуштање на клубот ова лето.

Многу промени ќе се случат во составот на шампионот на Англија, со надеж дека тимот ќе биде уште поквалитетен во следните сезони. Доаѓа Џереми Фримпонг, порано потпиша Георги Мамардашвили, во преговори се со Милош Керкез и Флоријан Вирц. Се очекува “црвените” тука да не застанат.

Меѓутоа, заминувањата се нешто што е неизбежно, а во случај на богата понуда, Ливерпул би можел да го пушти Луис Дијаз, момчето кое одигра цели 50 натпревари оваа сезона и постигна 17 голови со осум асистенции.

Две години пред истекот на неговиот договор и цена од минимум 85.000.000 е нешто што би го задоволило Ливерпул. Го имаат Коди Гакпо кој можеби не е толку динамичен како Колумбиецот, но е квалитетен на левата страна, и Флоријан Вирц кој може да го покрие и тој дел од теренот како “бек-ап”.

За Дијаз веќе се заинтересирани Барселона, но сега Фабрицио Романо го истакнува Ал Наср каде би можел да му се придружи на поранешниот соиграч Садио Мане.