До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул најде замена за Рајан Гравенберх откако Реал Мадрид испрати навистина голема сума на пари за холандскиот играч за врска.
Гравенберх пристигна во Ливерпул летото 2023 година, а Црвените тогаш платија на Бајерн 40 милиони евра за неговите услуги.
Играше нешто послабо во Бајерн по доаѓањето од Ајакс во 2022 година, а и неговиот старт на кариерата во Ливерпул беше тежок.
Клоп се мачеше да го извлече најдоброто од него, но успеа тоа Слот кој му даде да игра на позицијата „шестица“.
Тој беше клучен играч во освојувањето на титулата во Премиер лигата од страна на Ливерпул.
Одличните настапи го привлекоа вниманието кон него, и тој се најде на врвот на листата на желби на Реал Мадрид, кој наводно веќе испратил официјална понуда за него.
Слот веќе донесе одлука кого ќе доведе наместо Гравенберх, а тоа е ѕвездата на Кристал Палас, Адам Вартон.
Ливерпул наводно отвори преговори со Вартон, кој треба да пристигне на Енфилд како замена за Гравенберх.
Иако е малку веројатно дека ќе го успеат да го доведат во јануари, раководството на Ливерпул не сака да се откаже од таа идеја.
Ливерпул ја следи ситуацијата со овој фудбалер, и се подготвени да почнат со активности за негово доведување до крајот на месецов.
















