Ливерпул и Реал Мадрид подготвуваат сензационална зделка за која никој не можеше ниту да сонува


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Раководството на Ливерпул е подготвено да заврши сензационален трансфер со Реал Мадрид за кој никој не можеше ниту да сонува.

Имено, Ливерпул сака наредното лето да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго, и тоа во сензационална размена.

Родриго со години беше еден од подобрите играчи во Мадрид, но неговото време полека поминува, сè поради доаѓањето на Мбапе.

Бразилецот главно оваа сезона се користеше како прва замена од клупата и постигна само три гола во 26 настапи оваа сезона.

Познато е дека Родриго е многу заинтересиран да замине во клуб каде може да стане клучен играч, а тоа му го овозможува Ливерпул во ерата после Мо Салах.

Раководството на Ливерпул е подготвено на неверојатен потег, сè за да го донесе играчот што го сакаат од Реал Мадрид.

Според тврдењата на шпанските медиуми, Ливерпул му е подготвен на Реал Мадрид да му го понуди играчот од средниот ред, Доминик Собослаи, за Родриго.