Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англиските гиганти Ливерпул и Манчестер Сити се соочуваат со сериозни проблеми пред Африканскиот куп на нации (AFCON) кој се одржува на крајот од оваа и почетокот на следната година. Очекува се дека двата клуба ќе останат без нивните клучни напаѓачи, Мохамед Салах и Омар Мармуш. Чини се дека не се подготвени да ги пуштат на пријателскиот натпревар пред самиот турнир, пишува Goal.com.
Египет ќе одигра пријателски натпревар против Нигерија во Каиро една недела пред почетокот на турнирот, кој започнува на 21 декември. Иако се очекува клубовите да ги пуштат играчите навреме за подготовките пред натпреварувањето во Мароко, проблематичен е тајмингот. AFCON трае до 18 јануари 2026 година, што значи дека тимовите можат да бидат без клучните играчи и до осум недели.
Турнирот се одржува за време на празничниот период, познат по густитие распоред, а со проширената Лига на шампиони и Лигата на Европа, играчите би можеле да пропуштат голем број важни натпревари.
Додека Арсенал и Челзи нема да имаат проблеми со отсуства, Ливерпул и Сити ќе загубат по еден важен играч бидејќи Салах и Мармуш ќе го предводат Египет во лов на рекордниот осми наслов првак на Африка. Ниеден клуб не е подготвен да ги пушти своите ѕвезди на пријателскиот натпревар со Нигерија, кој се игра ден по натпреварот Ливерпул-Брајтон и на истиот ден кога Сити игра против Кристал Палас.
Се очекува дека првиот натпревар кој Мармуш ќе го пропушти за тимот на Пеп Гвардиола ќе биде натпреварот од ЕФЛ купот против Брентфорд на 16 декември. Тоа може да биде првиот од осум натпревари на кои нема да настапи. Сити поради AFCON најверојатно ќе остане и без Рајан Аит-Нури, кој настапува за Алжир.
Од друга страна, Ливерпул веќе испадна од ЕФЛ купот. Црвените очекуваат дека 33-годишниот Египќанец првиот натпревар ќе го пропушти на гостувањето кај Тотенхем на 20 декември. Вкупно, Салах би можел да пропушти седум натпревари ако Египет, како што се предвидува, стигне далеку на турнирот во Мароко.
















