Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саудискиот тим Ал Итихад не се откажува од идејата да го купи Мохамед Салах од Ливерпул, па денеска испратил понуда од 215 милиони фунти за неговиот потпис.
Салах минатото лето го продолжи договорот со Ливерпул, но сега е сè поблиску до заминување од клубот, иако тренерот Јирген Клоп кажа дека не сака да го продаде.
Англиските медуми пишуваат дека парите од трансферот на Салах ќе бидат искористени за големо засилување за Ливерпул, а тоа е ангажман на Килијан Мбапе од ПСЖ идното лето.
Салах одигра 308 натпревари во дресот на Ливерпул, постигна 187 голови и запиша 81 асистенција.