Ливерпул ќе троши пари на засилувања: Клоп го носи Белингам, но и ѕвезда на Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул оваа сезона не игра најдобро, па раководството планира на лето да се засили со неколку фудаблери.

Газдата на клубот, Џон Хенри кажа дека нема да го продаде клубот и размислува само за инвеститори кои може да му помогнат на Ливерпул за напредок.

Екипата ќе се обиде да го купи Џуд Белингам, кој е голема желба и на Реал Мадрид, а за такво нешто Ливерпул ќе мора да потроши 120 милиони фунти.

Ливерпул сака да ангажира и ѕвезда на Челси, а тоа е Мејсон Маунт кој неодамна ги прекина преговорите со „сините“ за продолжување на соработката.

Премиерлигашот следи уште неколку фудбалери, меѓу кои е и Зиелински од Наполи, но приоритет се Белингам и Маунт.