Ливерпул му го уништи трансферот на Гвардиол во Манчестер сити?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лајпциг не е блиску до договор со Манчестер сити за трансферот на Јошко Гвардиол, иако имаше шпекулации дека ќе се реализира во следните денови.

Гвардиола би можел да остане во Лајпциг, затоа што бундеслигашот заработил доволно пари од продажбата на Доменик Собослаи во Ливерпул.

„Манчестер сити сака да го купи Гвардиол, но немаме договор со нив. Далеку сме од такво нешто. Немаме потреба од пари, зашто заработивме доволно од Собослаи. Сакаме да остане Јошко“, кажа директорот Макс Еберл.