Ливерпул најде замена за Арнолд – ќе плати 35 милиони евра


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Трент Александер-Арнолд по оваа сезона повеќе нема да биде играч на Ливерпул, а “Црвените” веќе му најдоа замена.

Ливерпул зад себе има феноменална сезона. Освоија јубилејна 20. титула на англиското првенство и екипата под водство на Арне Слот изгледа импресивно.

Се приближува крајот на сезоната во англискиот фудбал, а со тоа и почетокот на летниот трансфер период во кој „Црвените” ќе мора да бидат активни.

По истекот на договорот ќе ги напушти една од најголемите ѕвезди на клубот – Трент Александер-Арнолд кој извесно ќе се приклучи на Реал Мадрид.

Арнолд е одличен десен бек кој целата своја досегашна кариера ја помина во Ливерпул и сигурно е дека ќе биде многу тешко да се замени.

Сепак, нема време за губење, така што Арне Слот и раководството на клубот од Мерсисајд веќе се фокусирани на наоѓање на негова замена.

Станува збор за Жереми Фримпонг од Баер Леверкузен, а откупната клаузула во неговиот договор е вистинска “ситница”.

Сумата изнесува само 35 милиони евра што, земајќи ја предвид инфлацијата на фудбалскиот пазар, но и квалитетот на Фримпонг, навистина е поволна цена.

Фото: Grok AI