Ливерпул не планира да запре, на повидок е нов трансфер!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул, кој ова лето вложи значителни средства за нови играчи, не ја исклучува можноста за понатамошни трансфери. Англиските медиуми информираат дека „црвените“ веќе одлучија која ќе биде нивната следна цел за зимскиот трансфер период.

Се шпекулира дека тимот од „Енфилд“ има намера да започне преговори со Борнмут за евентуална набавка на нивната офанзивна ѕвезда Антони Семењо. Тој оваа сезона се истакнува како еден од најталентираните напаѓачи во Премиерлигата.

Извори наведуваат дека реализацијата на трансферот е сосема извесна, бидејќи во неговиот нов договор со Семењо има откупна клаузула од 75 милиони фунти.