Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Вчера се појавија информации дека Трент Александар-Арнолд донел конечна одлука и дека следната сезона нема да биде играч на Ливерпул.
На маса покрај понудата на Ливерпул за продолжување на договорот, има и понуди од Реал Мадрид и Барселона, а тој решил својата кариера да ја продолжи во Мадрид.
Арне Слот веќе направил телефонски повик и договорил доаѓање на замена за овој десен бек, а тоа ќе биде сегашниот фудбалер на Баер Леверкузен Џереми Фримпонг.
Како што тврди новинарот Кристијан Фалк, тренерот на Ливерпул Арне Слот е во редовен контакт со Фримпонг, и во последниот телефонски повик го договорил неговото доаѓање на Енфилд.