Ливерпул никако да го убеди Леверкузен – ниту 135.000.000 не се доволни за Вирц!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Баер Леверкузен ја одби и новата понуда на Ливерпул! Доверливиот Пол Џојс откри денес дека Баер одби понуда од 135 милиони евра фиксно за Флоријан Вирц.

Сепак, тоа не значи дека до договор нема да дојде, туку дека Баер не сака да потклекне и да отстапи од своите барања, бидејќи не е тајна дека и Баерн Минхен понуди дури 150 милиони.

Во превод, се очекува Ливерпул да вклучи можеби лесно достижни бонуси за да отштетата достигне сума меѓу 140 и 150 милиони и трансферот ќе биде реализиран.

Јасно е дека ова ќе биде рекорд и за Премиер лигата и за Бундеслигата, и дека Вирц веројатно во текот на наредната недела ќе стане член на Ливерпул.

Тој веќе ги постигнал сите услови со Ливерпул, му се заблагодарил на Баерн, а сите останати не беа ни блиску во оваа трка.

Да потсетиме, Ливерпул веќе го донесе Џереми Фримпонг, а се очекува дека наскоро со Вирц ќе пристигне и Милош Керкез.

Фотo: Принтскрин