Ливерпул подготвен да плати 40 милиони евра за играч кој нема ниту еден професионален настап


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул повторно се подготвува да биде во центарот на вниманието кога станува збор за трансферите, а овој пат „Црвените“, според пишувањата на англиските медиуми, фрлиле око на едно од најинтересните млади имиња во европскиот фудбал.

Станува збор за 17-годишен талент кој сè уште нема забележано ниту еден настап во сениорскиот фудбал, но веќе сега привлекува огромно внимание од големите клубови.

Наводно, Ливерпул е спремен да оди до сума од околу 40 милиони евра за да го обезбеди неговиот потпис.

Иако се работи за играч без професионално искуство, извидниците на англискиот клуб се уверени дека тоа е „посебен проект“ за иднината, играч кој би можел да стане еден од клучните фудбалери во претстојните години.

Ливерпул во последно време агресивно инвестира во млади таленти, а овој потег би претставувал уште еден доказ за стратегијата на клубот да гради тим на долг рок околу најперспективните играчи во Европа.

Ерик Беле инаку е член на бразилскиот великан Палмеирас од Сао Паоло, и се смета за најголемиот талент во „земјата на фудбалот“.