Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул покажа желба да купи еден од најдобрите фудбалери во моментов, а тоа е младиот Килијан Мбапе.
Француските медиуми пишуваат дека тренерот на премиерлигашот, Јирген Клоп веќе го контактирал напаѓачот на ПСЖ.
Тие шпекулираат дека пред пандемијата на вирусот договорот меѓу Реал Мадрид и Мбапе бил блиску, но дека целата состојба со Ковид-19 тоа го одложила.
Ситуацијата сака да ја искористи Ливерпул и да договори трансфер на Мбапе. Проблем е само тоа што парижаните за трансфер на Французинот бараат 250 милиони евра.
Францускиот репрезентативец во дресот на „светците“ сезонава постигна 30 голови и запиша 17 асистенции.