Ливерпул поради најголемата желба во нападот е подготвен да чека цела година?


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На пат кон Ливерпул е Флоријан Вирц, дојде еден бек Џереми Фримпонг, се очекува наскоро и Милош Керкез, но уште едно прашање ги мачи навивачите – кога „црвените“ ќе тргнат и по напаѓач? 

Се знае дека Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот, додека Диого Жота имаше чести проблеми со повреди, па затоа тешко наоѓаше форма и затоа Холанѓанецот не може да смета ниту на него.

На пазарот има неколку интересни опции и напаѓачи кои сигурно ќе ја сменат средината на овој клуб, а тоа се – Виктор Ѓокереш, Бенјамин Шешко, како и Виктор Осимен, но во овој момент ниту еден од нив не се поврзува претерано со Ливерпул.

Наводно, зад сето тоа се крие фактот дека најголемиот сон на Ливерпул е тешко остварлив, бидејќи сите во клубот најмногу сакаат новиот водач на нападот да биде – Александер Исак. 

Швеѓанецот и порано се поврзуваше со Ливерпул, но сè падна во вода кога Њукасл обезбеди пласман во Лигата на шампиони и оваа сезона. Њукасл не мора да брза со неговата продажба, Исак има договор до 2028 година и ќе размислат за продажба само ако некој понуди повеќе од 150 милиони евра, а тоа за Ливерпул, после Вирц, ова лето е невозможна мисија.

Фото: Grok AI