Ливерпул потроши 300 милиони залудно: Комјунити Шилд во рацете на Кристал Палас (Видео)


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Кристал Палас направи вистинска сензација, победувајќи го Ливерпул во драматична пенал-серија со 3-2, за да се добие првиот трофеј во Комјунити Шилд.

Иако „црвените“ започнаа моќно и веќе во 4. минута водеа со голот на Уго Екитике, радоста им беше краткотрајна – Жан-Филип Матета во 17. минута донесе израмнување за „орлите“. Сепак, само по неколку минути, во 21. минута, Жереми Фримпонг со прецизен удар повторно го доведе Ливерпул во водство, но Кристал Палас не се откажа.

Во финишот на натпреварот, во 77. минута, Исмаила Сар постигна гол за 2-2, што доведе до пенал-изведување. Лондонскиот тим беше поуспешен, обезбедувајќи триумф и трофеј со 3-2, носејќи му тежок пораз на „Енфилд“ гигантот.

Фото: Принтскрин