Ливерпул продава играч за 20 милиони фунти

Од таборот на Ливерпул се согласиле да го продадат својот млад напаѓач, Рајан Брустер на ривал од Премиер лигата.

За Брустер сериозен интерес има од Шефилд Јунајтед, а за неговите услуги се распрашува и тмот на Кристал Палас.

Ливерпул се согласил да го продаде својот играч кој лани беше на позајмица во Свонси за сума од 20 милиони фунти, а во договорот да биде вклучена и клаузула за подоцнежен откуп на договорот од страна на англискиот шампион.