Ливерпул се изнамачи со Вест Хем, но продолжи да гази кон нови рекорди


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул како по обичај славеше нова победа во Премиер лигата откако со 3:2 го совлада Вест Хем.

Натпреварот беше отворен рано кога Џиџи Вијналдум погоди за 1:0 во 9. минута. Сепак, само три минути подоцна Иса Диоп  израмни на 1:1.

Во вториот дел Вест Хем постигна гол за водство од 2:1 преку  Пабло Форналс, а Ливерпул во 68. минута израмни преку Мо Салах по катастрофалната реакција на Фабијански.

Конечниот резултат го постави Садио Мане во 81. минута од натпреварот.