Ливерпул се вклучи во битката за Мбапе и нуди повеќе пари од Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Килијан Мбапе повтори дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ до јуни 2025 година, па поради тоа францускиот тим сака да го продаде уште летово.

Доколку не се случи тоа, ПСЖ ризикува да го загуби Мбапе целосно бесплатно идното лето, а веќе неколку екипи се борат за неговиот потпис.

Во изминатите денови пристигнаа шпекулации дека Реал Мадрид ќе понуди 250 милиони евра за потписот на Мбапе, но наводно сега во трката се вклучи и Ливерпул.

„Ливерпул сака да плати веднаш 250 милиони евра и плус дополнителни бонуси за Мбапе. Влезе во борба за Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“, вели агентот на ФИФА, Марко Кидермир.