Ливерпул со попуст си зема нова „десетка“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул разочара минатата сезона во Премиерлигата, па поради тоа почна со ремонт на екипата и прво засилување е Алексис Мекалистер, кој доаѓа од Брајтон.

Ливерпул си доби нова „десетка“, а за трансферот плати само 35 милиони фунти, иако се шпекулираше дека сумата ќе изнесува 55 милиони фунти.

Мекалистер имаше одлични настапи со Брајтон во англиската елита, а исто така на крајот на минатата година го освои Светското првенство со Аргентина.