Ливерпул троши без прекин: Слот договара засилување од Премиер лигата


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ливерпул е блиску до постигнување договор со Борнмут за трансферот на унгарскиот репрезентативец со српско потекло Милош Керкез.

Младиот лев бек, кој импресионираше во актуелната сезона носејќи го дресот на тимот, веќе постигна лични услови со шампионот на Англија и сега останува клубовите да најдат заеднички јазик, известува Фабрицио Романо.

Момчето родено 2003 година во Врбас, помина низ младинските школи на бројни екипи како Рапид, Ѓер, Милан, за да направи пробив во АЗ Алкмар помеѓу 2022 и 2023. Токму пред две лета дојде во Борнмут и се профилираше како бек со модерни карактеристики.

Се шпекулира дека Борнмут бара до 50.000.000 евра за младиот човек кој веќе има 23 настапи за “А” селекцијата на Унгарија.

Да потсетиме, наскоро се очекува официјализирање на десниот бек Џереми Фримпонг од Леверкузен за 35.000.000. Во збир, доколку некои од трансферите не пропаднат, двата бекови ќе го чинат Ливерпул околу 85.000.000 евра, а се планира да пристигнат и стопер и напаѓач, можеби и играч за врска.

Фото: Принтскрин