Ливерпул веќе ја подготвува екипата за одбрана на титулата во Премиерлигата


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ливерпул е на прагот да стане првак на Англија. На Енфилд веќе размислуваат и за засилувања за наредната сезона, и го кројат планот за претстојниот летен преоден рок.

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Ливерпул го одредил својот прв приоритет за летниот преоден рок. Тој е Хуго Екитике.

Талентираниот млад Французин оваа сезона навистина привлече многу внимание со 21 гол и осум асистенции во сите натпреварувања, и големиот трансфер е логичен след во неговата кариера.

Екитике би чинел најмалку 85 милиони евра ова лето, но тоа нема да претставува проблем за Ливерпул.

Фото: ФК Ливерпул/ФБ