Ливерпул во последен час доведува засилување

После тоа што Јирген Клоп го отпиша Алберто Морено, британските медиуми соопштија дека Ливерпул до крајот на преодниот рок ќе доведе лев бек.

На мета на црвените е фудбалерот на Лестер, Кристијан Фукс кој на Енфилд го гледаат како идеално решение за позицијата која е критична.

Клоп на последните натпревари на позицијата лев бек го користеше Милнер, но јасно е дека англичанецот не може да игра на таа позиција.

Фукс стигна во Лестер минатата сезона од Шалке, беше стандарден кај Клаудио Раниери и даде голем придонес во освојувањето на ПЛ.