Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ливерпул ова лето останува без долгогодишниот десен бек Трент Александар-Арнолд, кој како слободен играч заминува во Реал Мадрид, но изгледа дека англискиот шампион веќе најде замена. Како што пишува Фабрицио Романо, напредуваат преговорите околу трансферот на Жереми Фримпонг (24) од Баер Леверкузен во Ливерпул.
Холандскиот репрезентативец во договорот со Леверкузен има откупна клаузула по која може да замине за 35 милиони евра, а Романо тврди дека Ливерпул веќе разговара околу моделот на исплата. Во исто време се водат разговори и со Фримпонг, кој би сакал да заигра во Ливерпул.
Иако игра за Холандија, каде што е роден, Фримпонг порасна во Англија и помина девет години во академијата на Манчестер Сити. Како 19-годишник замина во Селтик, а од 2021 година е во Леверкузен, каде што беше еден од најдобрите играчи при освојувањето на историската титула минатата сезона.
Фото: Принтскрин