Ливерпул за една од своите ѕвезди подготви – нов договор со огромна плата!


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Англискиот шампион Ливерпул ќе го награди холандскиот играч од средниот ред Рајан Гравенберх (23) со нов, значително побогат договор, објавија британските медиуми.  

Гравенберх пристигна на Енфилд пред две години од Баерн во трансфер вреден 40 милиони евра. Правото место во тимот, на позицијата задњиот играч за врска, му го најде тренерот Арне Слот.

Холандскиот тренер ретко го одмора, поголемиот дел од времето е на терен сите 90 минути. Така беше минатата сезона, а истата е ситуацијата и во новата сезона. Иако игра како задњиот играч за врска, оваа сезона веќе има постигнато два гола и два асистенции. Беше најдобар играч на саботниот градски дерби каде „Црвените“ го победија Евертон со 2-1, а Гравенберх постигна гол и на тоа додаде асистенција.

Иако договорот му важи до јуни 2028 година, раководството на Ливерпул ќе му понуди нов договор, со кој ќе стане меѓу најплатените играчи во клубот. Британските медиуми наведуваат дека според новиот договор ќе заработува 11 милиони евра по сезона.