Лоциран авионот на Абрамович: Рускиот тајкун најде земја каде што ќе биде безбеден


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Газдата на Челси, Роман Абрамович пронајде земја во која може без грижа да престојува и покрај санкциите кои се воведени поради руската инвазија во Украина.

Светот ги санкционираше руските олигарси за да влијаат врз претседателот Владимир Путин, а еден од тие кои настрадаа е Абрамович.

Светските медиуми објавија дека Абрамович во неделата пристигнал во главниот град на Израел заедно со неговите 14 приватни авиони. Тоа не е случајно, зашто Израел е една од државите кои решија да не се придржуваат до санкциите.

Сопственикот има израелско државјанство, неговите корени се од богатата и силна земја, а таму има и три недвижнини.