Лопетеги ќе плати 50 милиони евра за напаѓач кој не дал гол повеќе од пола година

Шпанскиот тренер Хулен Лопетеги набрзо ќе го комплетира својот прв трансфер на клупата на Вулверхемптон и истиот ќе чини 50 милиони евра.

Лопетеги носи засилување од Атлетико Мадрид, а станува збор за Матеус Куња кој ќе стана најскап трансфер во историјата на клубот.

Тоа што е најинтересно е фактот дека Бразилецот последен пат постигна гол на 11 мај, и тоа на средбата меѓу Атлетико Мадрид и Елче.

Овој 23-годишен фудбалер не се прилагоди во системот на Диего Симеоне, но Лопетеги во него препозна голем потенцијал и затоа нема да штеди пари.