Лорис не ја скрши раката, но ќе паузира до 2020 година!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Тотенхем, Уго Лорис не мора да се оперира, но го очекува долга пауза, па на терените ќе се врати дури во 2020 година.

Лорис настрада во саботата во текот на мечот меѓу Брајтон и Тотенхем (3-0) и тоа по само три минути игра.

Лорис незгодно се лизна, по што падна и многумина помислија дека ја скршил раката, но тоа потоа беше демантирано. Сепак, Французинот ќе мора да паузира до 2020 година, а таа информација ја потврди Тотенхем.

Тоа ќе биде голем хендикеп за екипата од Лондон, која се наоѓа во тешка ситуација и во Премиерлигата и во Лигата на шампиони, а Лорис ќе недостига во важни натпревари за клубот.