Лоша ВАР-камера ги остави „волците“ без триумф на „Енфилд“ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вулверхемптон одигра 2-2 против Ливерпул на „Енфилд“ и ќе игра нов меч со Ливерпул за пласман во следното коло од ФА-купот.

„Волците“, сепак, се убедени дека биле ограбени минатата ноќ кога постигнаа гол во 82. минута за 3-2, но истиот беше поништен во доста сомнителни услови.

По долги проверки остана одлуката дека голот треба да се поништи поради офсајд, но повторената снимка на акцијата не покажува дека стрелецот бил во недозволена позиција.

Соопштението од „Енфилд“ дополнително ги разлути навивачите, зашто објави дека немале добро поставена камера.